Во извештаите на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија на патот код ЕУ до сега сме добивале умерено позитивни ноти но доколку досега внимававме и на одредени негативни забелешки и интензивно да работевме на нивни пдобрувања нашите настапи во Брисел ќе беа уште подобро ценети и апострофирани, дотолку повеќе што друштвото таму се и земји кои стагнираат, се на овој или оној начин закочени и ќе можевме уште повеќе да дојдеме во првиот ред, изјави за „Локално“, Љупчо Арсовски – дипломат од кариера и прв Амбасадор на Република Македонија во Грција.
– Добри сме или би рекол (што е и констатирано) дека имаме зголемено ниво кога сме забрзано подготвени за исполнување на обврски во делот за заедничка надворешна политика. Но има одредени негативни проценки и за во делот кој се однесува на капацитетите за управувањето со ЕУ фондовите. Тоа е стара болка. Во областа на демократијата и нејзино соодветно зајакнување особено во владеење на правото најболна точка е македонското Собрание каде се забележува се уште политичка поларизација, особено кога се работи за одреден број закони каде е неопходно сите партии да дадат приоритет преку конструктивни предлози, дијалози, дискусии за заедничко добро на патот кон ЕУ особено кога сега во тек е и скринингот, изјави Арсовски.
Тој истакнува дека во делот на правење на реформи и се она што е составен дел на такви важни процеси многу значајна е потребата за покажување на демократските вредности кои „не треба да се гледаат единствено низ партиска призма“, дека тоа ќе покаже и покажува дека треба да се заменат со внесување демократски вредности и користење на сите видови капациетти кои се за доброто на граѓаните и за доброто на државата.
Д.Ј.