Промени во соодносите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ наскоро нема да има, смета аналитичарот Петар Арсовски и додава дека за тоа да се случи потребно е да се случи нешто драматично, сеедно на која било од страните, на пример ако се реши спорот со Бугарија па СДСМ да извлече политичка корист од тоа или од друга страна ако дојде до брзо и драстично преструктуирање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Мицкоски пропушти соодветно да реагира во многу прилики. На пример, кога Заев загуби на рејтинг при потпишувањето на Преспанскиот доовор, Мицкоски реагираше несоодветно со најава дека ќе го поништи овој договор. Исто така Мицкоски пропушти во текот на оваа ковид криза да повика на носење маски и масовна вакцинација, вели Арсовски.
Тој додава дека оваа влада имаше голема „порција“ лоша среќа кога опозицијата не успеа да ја искористи во своја полза.
-Друг проблем на политичарите е што разговараат со другите политичари, ним им се обраќаат, а не на граѓаните кои ги гласаат. Овој тренд на негативна кампања продолжува и се занемаруваат проблемите на граѓаните, коментира Арсовски во Утрински брифинг.