Политичкиот аналитичар, Петар Арсовски смета дека на овие локалани избори нема ризик за пад на излезеноста под 30%, напротив оценува дека ќе биде на 40%.
-Поголемиот праг на излезаност би бил во корист на владечката структура, односно на оној кој според анкетите е во предност, вели Арсовски за разговор за „Локално“.
Сепак, аналитичарот тврди дека токму бројот на неважечки гласови може да ја расипе “математиката“.
-Теоретски, во ситуација кога 3% од гласовите се неважечки, а останатите 97% да бидат поделени на двајцата кандидати, тогаш победник нема, но стандардните сценарија кај нас покажуваат дека првиот круг во кој има “дуел“ завршува со избор на градоначалник , истакнува Арсовски.