Петар Арсовски во емисијата „Само Вистина“ појасни дека е илузија дека Европската унија има посебен однос кон Македонија и дека за нас важат посебни правила. Тој истакна дека дури и Обединетото Кралство го променило своето име согласно барањата на ЕУ. Според него, проблемот со одлагањето на промената на Уставот е тоа што, колку подолго Македонија останува надвор од Унијата, толку се оддалечува од стандардите и квалитетот на живот што ЕУ ги нуди. „Потребни се трезвени и сериозни одлуки за иднината на државата“, порача Арсовски.
Сафет Бишевац, исто така во „Само Вистина“, нагласи дека државните прашања бараат национален консензус, особено поради договорот со Бугарија кој не беше усогласен со опозицијата и создава загриженост околу националниот идентитет. Тој додаде дека националните теми не треба да бидат предмет на една влада, туку да ги поддржуваат сите политички партии. Според Бишевац, Македонија мора да се фокусира на сериозни реформи во образованието, инфраструктурата, здравството и правосудството, бидејќи без напредок во правосудството, членството во ЕУ ќе остане неизвесно.