Арсовски: Немам намера да се извинам, МЗ и Филипче да бараат извинување од Брнабиќ

од Vladimir Zorba

„Гледам Министерство за здравство бараат извинување од мене и колегата Антонијо Милошоски што сме објавиле изјава на српската премиерка Брнабиќ, која во една реченица ја осуети цела Влада. Брнабиќ: Во Македонија добиле вакцини, ама не се регистрирани и практично се врши илегална вакцинација“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Еве јас сакам да ги прашам МЗ и Венко Филипче бидејќи немам намера јас да се извинам, дали тие побараа извинување од премиерката Брнабиќ за изјавата каде посочи дека илегално вакцинирале во Република Македонија, што всушност би значело дека лаже Брнабиќ?

Ако не побарале извинување од нејзе за изјавата и не ја демантирале, тогаш би значело дека е вистина. Еве нека одговорат од Министерство за здравство и Венко Филипче“, додава Арсовски.

Слични содржини