Арсовски: Нова преговарачка рамка може да ја отвори Пандорината кутија и да донесе нови бугарски барања

од Nikola Popovski
398 прегледи

Не постои подобра гаранција за билатералниот дел на барањата од преговарачката рамка и билатералниот протокол. Тие се завршени документи, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според него, интенцијата на сегашната политичка елита во Брисел е темите кои се предмет на преговарачката рамка и билатералниот протокол е да бидат затворени и да нема нови.

-Може да има промена во политичките елити во Бугарија и ЕУ, но тоа никако не значи дека нема да се соочиме со нови барања на меритот на нашите преговори. Во истиот ден има изјава од ПШолц дека нема да има нови билатерални барања и изјава од холандскиот амбасадор кој вели каде се милијардите за реформа на правосудниот систем, кажа Арсовски.

Како што вели, ЕУ има нов апетит за проширување поради војната во Украина и тој прозорец ќе помине.

-ЕУ сака да не охрабри да ги продолжиме преговорите и да влеземе во втората фаза. Имало ретки случаи кога се менувала преговарачката рамка во текот на преговорите, но имајте ум дека тоа е Пандорина кутија – ако се отвори за нас, ќе се отвори и за нови бугарски барања. Имајте предвид дека суптилната порака на Шолц е дека новото може да биде полошо за нас. Искуството со Преспанскиот договор е такво за одбиените предлози во 2008 и 2009 година, истакна аналитичарот.

Слични содржини