Арсовски: Новите антиковид мерки дополнтелно ќе го поделат општеството

од desk4
186 прегледи

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека новите антиковид мерки, ќе ги подели граѓаните, но пред се ќе ги мотивира граѓаните да се вакцинираат бидејќи генералната политика во светот е дека животот ќе се враќа кон нормала само за оние кои се вакцинирани и прележани.

-Оние кои не се вакцинирани и не се прележани ќе мора да продолжат да живеат како ковидот да е во целиот свој полн сјај. Мерките ќе ги поттикне и ќе ги изнесе на површина постојните поделби во општството, на оние кои веруваат на вакцината како да најдобар метод за справување против ковид и на оние кои не веруваат дека тоа не е најдобар метод. За човекот да одлучи да се вакцинира со вакцина која е пандемска, потребно е време за да се процесуира таа одлука. Треба да се истражат фактите и да се стимулираат граѓаните да истражат што е можно повеќе за нус ефектите од вакцинте. Сега во време на ковид пандемијата нема време за тоа, бидејќи пиковите доаѓаат побрзо. Тој притисок на времето ги вади и побрзо постојните поделби во општествето, рече Арсовски на Канал 5 ТВ.

Според Арсовски владејачката коалиција и губи политички поени од воведувањето на овие мерки, но и не губи бидејќи на некој начин го мобилизира членство кое е разочарано поради други политички чекори.

-И губи и добива. Таа губи политички поени кај онаа таргетна популација која сметам дека вакцината не е најдобриот начин да се справите со пандемијата но, истовремено добива кај дел од нивните разочарани гласачи, кои пак се мобилизираат околу и потребата за вакцинрање. Така што за владејачката партија дел од гласачкото тело кое е разочарано за други прашања од дневната политика, за најновите антиковид мерки ќе се мобилизира околку нив, бидејќи тој контраст за што стои владејачката колиција поради протестите кои ги видовме пред Владата и Собранието, ќе направат мобилизација од двете страни на политичките табори, вели Арсовски.

Според Арсовски поради ваквите сознанија, ќе имаме дополнтелни поделби на граѓанте во нашето општеството.