Арсовски: С.Македонија има поддршка од европските партнери за старт на преговорите

од Берта Китинска
187 прегледи

С.Македонија ја има поддршката од европските партнери кои сметаат дека мора веднаш да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, а Владата секако го продолжува дијалогот со соседна Бугарија за изнаоѓање достоинствено и европско решение кое ќе го крене ветото и ќе го даде долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговорите со Унијата, изјави портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за воспоставување на европска политичка заедница, ќе влијае врз спорот меѓу Скопје и Софија.

– Предлогот на Макрон го сметаме за одлична можност за обединување на земјите кои не успеале да влезат во блокот или не сакале во одреден момент, со оглед на новонастанатата геополитичка ситуација – рече Арсовски.