Арсовски: СДСМ преку националното предавство се обидуваат да купат уште некој ден повеќе да бидат на власт

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Во обид да го затскрие својот неуспех, СДСМ се обидува да ги обвини ЕУ за нивниот неуспех или пак ВМРО-ДПМНЕ за недоволна борба за она кое што тие го направија како предавство. Граѓаните се свесни и не им успеа ништо од тоа. И на крајот од денот граѓаните повторно се свесни каква катастрофална национална политика води СДСМ и оваа Влада, изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека СДСМ и власта имале две цели за покривање на својот неуспех, но ниту една од двете цели за „перење на сопствениот неуспех“ и „распродавање на националните интереси“, не им поминал.

-Ниту првата цел да ја обвинат ЕУ за позицијата во која што во моментов се наоѓа Република Македонија на дипломатски план односно на европскиот пат, ниту пак втората цел преку својот полусвет кој што го контролира СДСМ да го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека недоволно се борело, вели тој.

СДСМ, според него, преку националното предавство се обидуваат да купат уште некој ден повеќе да бидат на власт, за да може да донаместат уште некој тендер или да доискрадат уште тоа што им останало.

Слични содржини