На денешната прес-конференција, портпаролот на Владата Душко Арсовски истакна дека најавените 45 возила кои треба да ги набави Владата за нејзините потреби се наменети за министрите и другите владини функционери, како и за престој на странските делегации во земјава.
– Набавката за потребите на Владата се однесува за возила кои што ќе им користат на министрите и други владини функционер, како и возила за потребите на странските делегации за престој во Северна Македонија. Износот на набавката, техничката спецификација на возилата и другите критериуми ќе бидат прецизирани во јавната набавка која што ќе биде објавена во наредните денови. Овде укажуваме дека техничката спецификација претходно ќе биде одобрена од релевантна институција, истакна Арсовски.