Арсовски: Тешко е сега ВМРО-ДПМНЕ да прифати промена на Уставот после првичниот тврд став

од Nikola Popovski
177 прегледи

Временскиот притисок е затоа што при крај е објаснувачкиот скрининг и се почнува со билатералниот скрининг и веќе почнува притисок за некаков план како ти е преговори ќе продолжат, односно дали ќе успееме да го смениме Уставот, за да можат да се отворат Поглавјата. Вториот притисок е овој пакет за помош на стопанството и граѓаните, а трето е можеби фактот што долго време нема ваков стабилен политички дијалог, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски за денешната лидерска средба во Собранието.

Тој смета дека „еден по еден може да се решаваат проблемите во некаков посериозен политички консензус, но на крајот, важно е да партиите да ги исчистат своите позиици, за да се знае што бараат“.

-Логистички е тешко да се случат изборите наредната година. Како што се доближува терминот за редовните избори, така предвремените ќе станат тема која се повеќе е ад акта. Реален термин во кои изборите би можеле да се сметаат за предвремени е пролет 2023, бидејќи наесен 2023, тие се толку блиску до редовните, што тешко некој од тоа ќе направи политички поен дека избоксувал предвремени парламентарни избори. Мислам дека шансите за избори пред нивниот редовен термин се минимални, оценува Арсовски.

Аналитичарот смета дека самото внесување на Бугарите во Уставот е релативно бенигна промена и дека е тешко за ВМРО-ДПМНЕ после првичниот тврд став, сега да прифати промена на Уставот.

-Шансите ВМРО-ДПМНЕ да се трансформира не се големи. Проблемот е што таа тема стана поле за партиско препукување. ВМРО-ДПМНЕ релативно тврдо застана во некаков став дека ако еден пратеник ако гласа за измените, ќе си заминат. Гледаме некаков омекнување во тој став во последниот период, но условите кои ги испорачуваат се невозможни, а тоа е ЕУ да гарантира дека ова ќе биде последно барање во текот на преговорите. Такви гаранции не постојат за никого. Може друга земја-членка од други причини да го блокира напредокот на Македонија на поле кое е за нив важно, рече Арсовски во емисијата „Студио 10“.

Слични содржини