Арсовски: Треба да бидеме подготвени за високопрофилни случаи споменати од Груби

„Често се слчува бегалец или обвинет да се спогоди со обвинителството, да пружи докази за други дела и обвинителството со тоа да му даде поблага казна или имунитет. Јас мислам дека тука треба да ги бараме контурите на она што се случува со враќањето на Артан Груби“, изјави Арсовски

од Кристијан Димков
44 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/ТВ Канал 5

Груби контактирал со некој од правосудниот систем или извршната власт во државата за неговото враќање бидејќи тој беше дочекан со полицајци на граница, со камера на граница, значи некој од овде знаел дека тој ќе се врати, изјави политичкиот аналитичар Петар Арсовски вечерва во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

„Често се слчува бегалец или обвинет да се спогоди со обвинителството, да пружи докази за други дела и обвинителството со тоа да му даде поблага казна или имунитет. Јас мислам дека тука треба да ги бараме контурите на она што се случува со враќањето на Артан Груби“, изјави Арсовски

Тој додаде дека обвинителството требало да биде потранспарентно околу причините за замената на ефективниот со домашен притвор за Артан Груби и дека вакви договори под маса само ќе ја нарушат довербата на правосудниот систем, истакнувајќи дека државата најмногу може да му ја гарантира безбедноста во затвор и во притвор и дека е понебезбеден дома.