Арсовски: Универзална сала не изгоре, се што беше вредно е извадено во 2021

од Nikola Popovski

Во глобала во Универзала сала изгореа елементи кои што требаше да бидат дислоцирани од објектот. Се што беше вредно и за во музеј и за да се искористи, беше извадено уште во 2021 година од салата. Таму останаа стари материјали како иверица, стар челик и стар алиминиум, изјави денеска Лазар Арсовски, сопственик на компанијата која ја вршеше реконструкцијата на Универзалната сала, по средбата во Министерството за култура.

Според него, сега работата им е отежната бидејќи стариот челик е паднат долу и потешко е да се извади.

-Сега треба да се направи нов елаборат и да се види како ќе го дислоцираме, за да не направиме белја. Универзална сала не изгоре, туку изгореа градежните работи кои што требаше да бидат дислоцирани од објектот, додаде Арсовски.

Потенцира дека при пожарот не се создаде поголема штета на самиот проект.

Министерството за култура ги чека наодите од Јавното обвинителство, од Министерството за внатрешни работи, од Државниот инспекторат за труд. Упатија апел да не се шират шпекулации до официјалните информации за причините и за штетите од пожарот.

-Едно сакам да ја уверам македонската јавност, дека по завршувањето на овој процес, градежните активности ќе продолжат и Универзална сала ќе се изгради и Универзална сала ќе биде вратена на скопјани, изјави вчера министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и додаде дека она што се случи со Универзална сала, за жал, е една поразителна слика за сите.

Слични содржини