Се случи војната во Украина, пандемијата не е завршена, економска и енергетска криза, така што можам да констатирам дека оваа Влада има поголем дел од порција на лоша среќа. Таа и не ја наследи државата во идеална ситуација и како технократска влада го прави истото како и сите влади. Мора да ги намали трошоците на живот кај средната класа за да го задржи квалитетот на живот и тоа нема како да се случи освен со задолжувања, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски за 100 дена од работењето на владата.
Арсовски појаснува дека речиси сите влади во Европа имаат намалување во рејтинзите на владите и владеачките партии поради кризата.
-Не гледам многу маневарски простор за владата да прави различно од тоа што го правела досега. Тешки времиња се, кажа Арсовски.