Арсовски: Владата на Петков може да се распадне при гласањето за кревање на ветото за Македонија

од Nikola Popovski
319 прегледи

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека е интересна паралелата на бугарскиот премиер Кирил Петков со поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас во однос на спорот со Македонија.

-Не знам што би одбрал Петков ако условот за решение со Македонија е неговата политичката кариера да заврши како Ципрас. Не знам харвардската двојка дали ќе го одлучи да го жртвува нивниот политички капитал кој што се намалува со тек на време. Не сум сигурен Петков што ќе одбере. Прашањето е дури и да реши да ја жртвува политичката кариера, не знам дали има сила да го направи. Владата може да му се распадне при гласањето на решението со Македонија и одлуката за почеток на преговори со ЕУ. Тоа што го гледам во поширок контекст дека Бугарија е една од најрусофилските држави во Западен Балкан и Европа. Над 80% од медија аутлетите во Бугарија добиваат некакви средства од Русија. Бугарија е единствената земја во Европа, каде што поголем број од граѓаните сметаат дека НАТО е виновен за конфликтот, а не Русија, потенцира Арсовски во емисијата „24 отворено“.

 

Слични содржини