Власта по секоја цена со европско знаменце сака во Собранието да го изгласа Законот за марихуана, вели денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Предложен пред само неколку дена од страна на Владата од Венко Филипче, како ресорен министер на министерството за здравство, вели тој.
„По ниту едно поглавје, по ниту еден критериум и интерес на европското семејство и ЕУ не може да се стави овој закон за марихуана или канабис да биде изгласан со европско знаменце“, смета Арсовски.