444
„Во Преспанскиот договор придавката „северномакедонски“ во било која форма е забранета. Постои придавка македонски и таа се однесува на општествени или етнички обележја“, вели политичкиот аналитичар, Петар Арсовски за емисијата „Само вистина“, коментирајќи ја спорната изјава на португалската министерка Ана Паула Закаријаш.
Според него, само придавката „македонски“ е дозволена за употреба во меѓународните комуникации.
„Изјавата на Закаријаш е несреќно познавање на Договорот, но и еден симптом на односот на меѓународната заедница во последното прашање меѓу Бугарија и Македонија. Тоа е суштинско непознавање на контекстот, еден површен поглед на нештата“, потенцира Арсовски.