Арсовски: ОБСЕ/ОДИХР нема да бидат против измени во Изборниот законик и по локалните избори

од desk4
159 прегледи

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека би било добро  париите ако партиите се договорат да направат усогласени измени во Изборниот модел.

– Вие не можете да наметнете измени на Изборниот законик, толку брзо, пред избори и без консензус. Ако било која од партиите не се согласи, тогаш тоа не се вистински избор. Тогаш партијата која не се согласила со новите правила на игра, има легитимна причина, потоа да каже дека тие, изменетите правила се направени за да им се наштети токму нив. Во Македонија и за локални и за парламентарни избори, врвна реформа е да се воведат отоврени листи. Зошто? Бидејќи така се создава подиректен линк измеѓу избраните советници или, парламентарци, сеедно и нивните конституенти. Така ќе можат граѓаните, не само да ги внесат советниците или парламелнтарците во собрание или во локалните совети, како што ги наредила партијата, туку ќе можат да влијаат на индивидуалниот избор, рече Арсовски за Канал 5 Тв.

Арсовски смета дека доколку во моментот нема партиски конзенсус за Изборнит законик, измените треба да се направат после локалните избори.

-Мислам дека ОБСЕ/ОДИХР нема да имаат проблем, ако ние веднаш после локалните избори пристапиме кон новите правила на игра. Тие реформи се важни и придонесуваат за порепрезентативни совтенички листи односно Собрание. Подиректна корелација меѓу бројот на освоени гласови и бројот на советнички места. Тоа е репрезентативност на моделот. Но, ако мора да се жртвува време за да се добие консензус, подобро така, отколку да се донесе некоја изборна реформа со која половина од партиите не се согласуваат. Тогаш тие веднаш после изборите ќе бараат начин или да ги променат, рече Арсовски.