Арсовски за предлог законот за дивоградби: Владата секогаш е отворена, очекуваме предлози

од Берта Китинска
176 прегледи

Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби се враќа во Собранието на трето читање, а во овој меѓу период од 30 дена, Владата очекува широка дебата, со која ќе се искристализираат позициите на сите засегнати и ќе се пронајде оптимално решение.

Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за тоа зошто претходно не се одржала широка дебата, нагласи дека и тоа што сега таа се отвора е добро, бидејќи, како што напомена, тоа значи дека реакциите биле слушнати.

За тоа како би изгледала таа дебата, кога би почнала, дали има рокови, Арсовски одговори дека Министерството за транспорт и врски планира да оствари средби со координаторите на пратеничките групи во Собранието, а предлогот е доставен и до Заедницата на единиците на локалната самоуправа, од каде се очекуваат предлози со цел подобрување на текстот на законот. Во престојниот период, додека законот за врати во трето читање, ресорното Министерство ќе оствари средби и со граѓански здруженија, асоцијации, при, што како што посочи Арсовски, се очекуваат и нивни предлози.

– Владата секогаш е отворена, очекуваме предлози и веруваме дека на крајот ќе се донесе законско решение прифатливо за сите, истакна Арсовски.

Слични содржини