Арсовски: Загадувањето е проблем кој што не може да се реши за кусо време

од Берта Китинска
308 прегледи

Мерки поврзани со аерозагадувањето се спроведуваат постојано по планот на министерството за животна средина и на Владата, изјави денеска портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

-Мерки поврзани со аерозагадувањето се спроведуваат постојано по планот на министерството за животна средина и на Владата. Ова е проблем кој што не може да се реши за кусо време. Тоа што е последно од проценките на министерството во однос на загаденоста на воздухот за септември се забележува многу мала отстапка во 4-5 градови над дозволениот максимум на ПМ10 честички, а за октомври ги очекувам информациите, Арсовски изјави.

Слични содржини