251
„Зошто Ковачевски бега од соочување со граѓаните на референдум? Дали со тоа што вели дека е чекор назад референдумот во целиот процес значи дека е свесен дека граѓаните не го поддржуваат?“, прашува денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што Ковачевски се плаши да оди на референдум е само доказ дека граѓаните не даваат поддршка на преговарачката рамка која што тој ја промовира и турка, што во превод значи асимилација и бугаризација. Граѓаните не се за ова“, вели Арсовски.