Артета по победата над Кристал Палас: Имаше многу компоненти во кои не бевме на ниво

од Vladimir Zorba

Арсенал ја започна сезоната со победа, а успехот од 2-0 над Кристал Палас беше 50-ти за Микел Артета на чело на „топџиите“ во Премиер лигата. Шпанскиот стручњак го водеше тимот на 98 натпревари. Само Арсен Венгер, кој го забележа ова достигнување во својот 94. меч, стигна до 50 победи во елитата на англискиот фудбал побрзо од него со тимот од Северен Лондон.

„Најважно беше да победиме. Трите бода ќе ни дадат самодоверба, а потоа ќе размислиме што треба да подобриме во нашата игра. Ако треба да бидам искрен, денеска имаше многу компоненти во кои не бевме на ниво“, прокоментира Артета.

„Вилијам Салиба беше прекрасен. Одигравме одлично во првиот половина час. Требаше да постигнеме повеќе од еден гол во тој период. Домаќините многу ни отежнаа во вториот дел. На „Селхрст парк“ победувате со трпение. Го покажавме тоа и тоа е дел од менталитетот што сакаме да го изградиме. Нашата цел е да се навикнеме да победуваме на тешки места како стадионот на Кристал Палас“, додаде менаџерот на Арсенал.

Слични содржини