Артета: Сакавме да победиме, но го прифаќаме и бодот

од Симе Стоиков
235 прегледи

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го изрази своето задоволство од играта и резултатот што го постигнаа „топчиите“ во еден од најважните натпревари во сезоната – на гостувањето кај еден од конкурентите во борбата за титулата, Манчестер Сити.

Натпреварот од 30. коло на Премиер лигата заврши без голови.

Арсенал долго ја трпеше иницијативата на Граѓаните, но ги спречи шампионите да ги создадат вообичаените (изразети) шанси, а гостите во неколку наврати се заканија и за малку ќе ја затресеа мрежата.

„Многу неизвесен натпревар, направивме голем чекор кон нашата це. Сити може да ги менува формациите за да ја притисне противничката екипа што е можно поблиску до голот и тие се многу добро физички подготвени, но ние одлично се изборивме против тоа. Би рекол дека Арсенал имаше поопасни шанси“, изјави Артета и додаде:

„Бевме многу агресивни во одредени моменти, успеавме да ја испратиме топката во опасните зони пред голот на ривалот. Начинот на кој се натпреварувавме екипно, но и индивидуално беше феноменален. Во спротивно немаше да дојдеме до позитивен резултат. Ова беше голем предизвик. Сакавме да победиме, но ако тоа не е можно, прифаќаме бод“.

Ливерпул е прв со 67 бода, додека „топчиите“ имаат два помалку. Манчестер Сити е на третата позиција со 64 бодови.

Слични содржини