Артилериско гранатирање: Израелската војска ВЛЕЗЕ ВО КОНФЛИКТ со Хезболах

од Stefanija Kuzmanovska
450 прегледи

Израелската артилерија ја погоди населбата Меис ал Џабал во јужен Либан, изјавиле локални жители за РИА Новости.

Претходно во четвртокот, либанското движење Хезболах истрела две ракети врз упориштето на израелската армија во близина на израелската погранична населба Манара.

„Продолжува артилериското гранатирање во Маис ал Џабал. Авиони се видливи во воздухот“, рекол соговорникот на агенцијата.

Хезболах соопшти дека како одговор на тековните израелски напади во јужен Либан, шиитските борци на отпорот ги нападнале позициите на израелската војска во областа Рувајсат во близина на окупираните фарми Шеба.

Да потсетиме, гранатирањето од двете страни на либанско-израелската граница трае повеќе од една недела. Ситуацијата нагло ескалира откако Израел најави воена операција против движењето Хамас во Појасот Газа.

Слични содржини