„Ас“: Дете на Реал доаѓа во Барселона

од Nikola Popovski
281 прегледи

АЛВАРО МОРАТА е на чекор од преселба во Барселона. Шпански „Ас“ пишува дека работата е речиси готова и дека репрезентативниот напаѓач на Шпанија 95 отсто е играч на каталонскиот великан.

Мората е позајмен играч на Јувентус во Атлетико, а дресот на Барселона треба да го облече во јануари.

Мората веќе се согласил да дојде на „Камп Ноу“, Атлетико Мадрид е подготвен за продажба, но Јувентус не е премногу воодушевен од оваа идеја бидејќи неочекувано би останал без напаѓач. Така само Старата дама е пречка за доаѓањето на Мората, но „Ас“ пишува дека тоа многу брзо ќе се реши.

Искусниот 29-годишен фудбалер е дете на Реал Мадрид, но никогаш не доби вистинска шанса меѓу Кралевите, а имаше и проблеми со повреди.

Во претходните години Мората преку Реал Мадрид стигна до Јувентус, Челзи и Атлетико Мадрид.

Слични содржини