АС: „Нејмар е руина“

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Поради повредата што ја заработи на својот меч со Ал-Хилал, бразилскиот напаѓач Нејмар годинава нема да се врати на терените. Некогаш еден од најдобрите светски фудбалери одигра само 20 натпревари од Светското првенство во 2022 година, како што се истакнува во текстот на АС насловен „Нејмар е руина“.

Идолот на многу генерации одигра само 11 од тие 20 натпревари со целосна минутажа. „Неговиот пекол продолжува. Само што се појави светлината на крајот од тунелот, повредите тропнаа на вратата. Повторно“, стои во текстот, потсетувајќи на неволјите што го снашле.

Кошмарот на Нејмар започна по Катар. Пропушти 131 ден поради операција на скочниот зглоб, 30 поради повреда на мускулот, потоа ги скина вкрстените лигаменти поради што беше надвор од теренот 366 дена, а сега му е повреден десниот бутен мускул.

Таа повреда ја доживеа на мечот од азиската Лига на шампиони во кој Ал-Хилал на домашен терен го победи Естеглал со 3:0. Бразилската ѕвезда влезе во игра во 58. минута од натпреварот, а ја напушти во 86. минута.

Нејмар оваа сезона одигра само 13 минути против Ал-Аин и 29 против Естеглал. За Ал-Хилал, клуб од Саудиска Арабија кој му плаќа околу 120 милиони евра по сезона, тој има одиграно само седум натпревари од доаѓањето во летото минатата година. Постигна еден гол и трипати асистираше.

Слични содржини