„АС“: Реал го „врбува“ Родриго да дојде следното лето

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Според шпански „АС“, еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, Родри е на мета на Реал Мадрид во 2025 година. Познато е колку долгорочни проекти се прават во Реал, а овој може да биде еден од посериозните со оглед на тоа што шпанскиот репрезентативец има договор со финансиски супериорниот Манчестер Сити до 2027 година.

Секако, Реал отсекогаш сакал да ги донесе најдобрите фудбалери во светот. Килијан Мбапе со години беше на мета на Флорентино Перез и на крајот конечно го привлече од Пари Сен Жермен. Впечаток е дека Реал ќе проба нешто слично и со Родри.

Најдобриот играч на ЕП во Германија треба да биде замена за пензионираниот Тони Крос. Родри следното лето ќе има 29 години, а интересно е што и Зинедин Зидан на таа возраст стана „крал“. Родри има договор со Манчестер Сити уште три сезони, а се уште не се зборува за нов договор. Сигурно е дека Родри ќе биде заинтересиран да ги слуша понудите од богатите сопственици бидејќи најверојатно ќе биде меѓу најплатените играчи во клубот.

Сепак, од друга страна, идејата за Реал се уште е примамлива за Родриго, пишува „АС“. Всушност, единствениот клуб во кој би се преселил овој мадриѓанец е Реал. „Кралскиот клуб“ нема да прави потези пред летото 2025 година, а еден од адутите дека понудата ќе биде прифатена е потенцијалното заминување на Пеп Гвардиола од „Етихад“. Можеби тогаш Родри би сакал да отвори ново поглавје во кариерата.

Инаку, тој моментално вреди 130 милиони евра и потенцијалното трансферно обештетување ќе биде околу таа цифра.

Слични содржини