Мадридските медиуми продолжуваат да инсистираат дека трансферот на десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд во Реал Мадрид сега може да се смета за сигурен. Откако „Марка“ вчера објави дека играчот веќе ја соопштил својата одлука до раководството на „црвените“, денеска „АС“ тврди дека 90% од работите меѓу него и Реал се веќе договорени.
Според изданието, во јануари Александар-Арнолд ќе го стави својот потпис под прелиминарниот договор со кралскиот клуб. Така, сите сомнежи за неговата иднина ќе исчезнат еднаш засекогаш.
Сигурно е дека Реал нема да се обиде да го ангажира Трент во јануари. Самиот Англичанец сака да ја заврши сезоната со Ливерпул, освојувајќи што е можно повеќе трофеи со својот матичен клуб.
Според „АС“, во последниот разговор меѓу Александар-Арнолд и претставници на Реал, тој објаснил дека нема промена на неговата позиција и неговата намера е по завршувањето на сезоната да премине во Реал како слободен играч.
Англискиот talkSPORT смета дека оваа информација од Шпанија е прерана, бидејќи десниот бек се уште е во преговори со Ливерпул за нов договор.