Асад ги обвини САД дека и продаваат на Турција запленета сириска нафта

од Vladimir Zorba

Сирискиот претседател Башар ал Асад ги обвини САД дека и продаваат на Турција запленета сириска нафта.

Во интервју за кинеската телевизија Феникс, на прашањето што се случува со нафтата произведена во објектите источно од Еуфрат, тој рече дека „Америка сега е таа што краде нафта и ја продава на Турција“.

Тој истакна дека пред Американците, изворите на нафта ги користеле Џабхат ал Нусра, а подоцна и ИД.

„Турскиот режим е директно вклучен во продажба на нафта, претходно со Ал-Нусра, подоцна со ИД, а денес со Американците“, рече Асад.

Кон крајот на октомври, американскиот претседател Доналд Трамп ги објави плановите за повлекување на американската војска од северна Сирија, каде Турција ја спроведе операции. Сепак, Вашингтон додаде дека ќе ја задржи контролата врз нафтените полиња во североисточна Сирија.

Слични содржини