Асад го освои Алепо, но судбината на Сирија ќе биде решена надвор од Дамаск

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Во други околности освојувањето на Алепо од сирискиот претседател Башар ал Асад ќе предизвика чувство на непобедливост откако тој издржа речиси шест години бунт.

Сепак тоа ја истакна неговата зависност од надворешни сили.

Турција, Иран и Русија сре приклонија во негова корист и најверојатно тие, заедно со идната влада на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе утврди како ќе завршат работите во Сирија.

Трите земји се состанаа во Москва минатата недела за да преговараат за Сирија, на која очигледно беше премногу отсуството на Сиријците.

Ова покажува дека тие преферираат повеќе пазарење меѓу големите сили, отколку работите да бидат уредени на локално ниво помеѓу владата и опозицијата.

Затоплувањето на односите меѓу Русија и Турција, кои ги поддржуваат противнички кампови во граѓанската војна, може да се покаже како пресуден настан со потенцијал да се прекине конфликтот кој над пет години ги спобрка сметките на топ – дипломатите во светот.

Нивните заеднички напори во Сирија – сега се зборува за прекин на огнот на целата територија на земјата – покажува желба за воспоставување на сфери на влијание.

Турција може да ја запре поддршката за бунтовниците, борејќи се против Асад, во замена за слободно движење во поширок регион, каде нејзините војниците ќе се борат со групата “Исламска држава” и ќе се обидат да ги ограничат напредувањата на поддржаните од САД вооружени сили на сириските Курди .

Хасан Хасан, експерт за сириските прашања со седиште во Вашингтон институт “Тахрир”, ја нарече средбата на тројцата министри за надворешни работи во Москва “совршен пример за тоа како решавањето на конфликтот во Сирија сега е едно голем пазарење во кој други земји преговараат во име на Сиријците”.

Сириската армија успеа да ја добие битката за Алепо единствено заради поддршката на Русија и со помош на илјадници членови на милиции од регионот кои дејствуваат под иранска туторство. Турција потпиша договор со Русија да ја договори капитулацијата на бунтовниците, кога беа на прагот на целосне пораз.

Турција ги поддржува бунтовниците од самиот почеток на конфликтот, овозможувајќи им да се повлечат и повторното вооружуваат преку силно порозните граници. Но, кога сириските курдски сили – на кои не сметааат ниту во штабот на Асад, ниту неговите противници – го проширија својот кантон долж границата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тоа го виде како поголема закана отколку Асад.

Турција смета дека водечката фракција на сириските Курди се за продолжување на курдското бунтовничко движење, кое е разбеснето во југоисточниот дел. Таа е постојано загрижена поради “Исламска држава” по серијата напади на нејзина територија. Сириските Курди се борат со “Исламска држава”, но за Турција и двете организации се “терористи”, кои треба да бидат елиминирани.

Во август турските сили во сојуз со сириски сили кои се собраа преку границата ги протераа по неколку неделни на борби терористрите на “Исламска држава” од последниот нејзино бастион на границата и го спречи напредувањето на курдската офанзива.

Со повеќе од 5.000 војници и борци во Сирија и место на масата за преговори, Турција се чини подготвена да воспостави “сфера на влијание” во Северна Сирија, смета Фајсал Итани, аналитичар од Атланскиот совет во Вашингтон.

Таа веројатно ќе изврши притисок за тоа следниот месец, кога ќе се сретне со Русија и Иран во Казахстан. Сириската влада има некои тенденци за примирје со опозициски движења ќе бидат таму, но не е јасно дали главната вооружена сириска опозиција ќе биде поканета.

Во меѓувреме ОН ветува да даде на 8 февруари нов почеток на одамна западнатие во заборав преговори во Женева меѓу владата и вооружената опозиција. Овој процес постојано не успеа да даде видливи резултати.

Се поголематаинтервенција на надворешните сили ја зајакна владата, но остануваат големи делови од земјата надвор од негова контрола, а многу освоени зони се срамнети со земјата. Само обновата на Алепо се очекува да чини десетици милијарди долари, а Владата тешко ќе донесе којзнае каква помош од Запад.

“Европа има пари за реконструкција, а не Русија и Иран. Западните земји јасно ставија до знаење дека нема да го легитимираат режимот”, рече Басам Барабанди, политички советник на сириската опозиција во Врховниот преговарачки комитет.

Секој обид да се склучи голема зделка ќе треба да биде усогласен и со новата американска администрација, која навести дека ќе изврши голема промена во политичкиот курс, но сподели премалку детали.

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп изјави дека сака поблиска соработка со Русија за борба против “Исламска држава” и навести дека може да престане помошта на САД за вооружената опозиција. “Немаме поим кои се тие луѓе”, рече тој во интервју за весникот минатиот месец.

Од друга страна, тој е отворено непријателски кон Иран и може да доживее да го ограничи неговото влијание во Сирија.

Во секој случај, и покрај победата на владата во Алепо, судбината на Сирија е малку веројатно да биде решена во Дамаск.