Асани: Бананите од пратката со кокаин се донирани по старечките домови и училишта

од Берта Китинска
262 прегледи

Се говори за конфискација на пари, имот од различни полтички влади, но сетоа тоа е прилично тежок и долг процес, прилично деликатни за изведување, на оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говори Фатон Асани, директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

-Агенцијата продолжува со конфискација. Се конфискува секојдневно од страна на царина, судовите. Последниот и актуелен случај беше оној со Сеад Кочан. Конфискувани се 26 недвижнини. Во тек е конфискацијата, односно преносот на возилата.  Возила имаме по цела Македонија – над 10.000. За разлика од 2009 до 2016, кога се продадени околу 300 возила за старо железо, од 2017 заклучно со 2019 Агенцијата има продадено 1300 возила. Значи подобри сме и во време и во бројки.

На прашањето околу камионот со Банани кој беше конфискуван заради присуство на кокаин во пратките, Асани вели дека разговарале со Управниот одбор (УО) и од страна на Обвинтелството добиле наредба за продажба или за донирање на истите банани.

– УО одлучи да ги донира на државни институции, односно школите, старечките домови- изјави Фатон Асани, директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

Слични содржини