Фатон Асани, директорот ја ДАУОИ денеска на прес – конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ изнело невистини за продажбата на акциите на АД „Славија“.
„Доколку би била продадена денеска АД Славија тој што би ја купил би го презел сиот багаж кој го наследила предходно, а тоа е 17 милони евра долг.Вредноста нејзина е далеку помала од она што го тврди ВМРО-ДПМНЕ затоа што од неа е останат мал дел, а останатиот дел е распродаден на парче.Цената на акцијата денес вреди многу помалку. Би го повикал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се пријави на продажба и да ги преземе и долговите“, рече Асани.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта сака да ја продаде АД Славија за 218.535 евра иако имотот на акционерското друштво во сопственост на државата изнесува дури 20 милиони евра.
„ Последната официјална проценка на имотот на ова акцинерско друштво во 2016 година била 7,3 милиони евра. Во меѓувреме биле исплатени и обврски од околу 5 милиони евра. Денес вредноста на ова претпријатие на пазарот би можела да достигне и до 20 милиони евра.На 30 ноември Владата донесе одлука за продажба на имотот на „Славија“, а Агенцијата за управување со одземен имот го закажа јавното наддавање со почетна цена од 218.535 евра или по 51 евро за една акција (вкупно 4.285 акции).Во 2012 година вредноста на една акција била .1715 евра. Никаде Владата нема направено нова проценка согласно законските и етичките обврски за да се утврди колку чинат објектите и останатиот имот. Ниту диртекторот на АД Славија, ниту Агенцијата за одземен имот, ниту на Владата не им текнало да направат проценка. вели Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.