Џулијан Асанж ќе побара да биде ослободен од британскиот затвор Белмарш за погребот на неодамна починатата модна дизајнерка Вивиен Вествуд, изјави сопругата на Асанж, Стела Асанж.
„Таа беше одлична пријателка, голем поддржувач, а нејзиното заминување е огромна загуба“, изјави Стела Асанж за Sydney Morning Herald.
Вествуд беше гласен поддржувач на нејзиниот пријател Асанж повеќе од 10 години, барајќи негово ослободување, а нејзиниот протест во голем кафез за птици беше особено незаборавен, јавува Би-Би-Си.