„Асасинс Крид“ – дали е ова возможно?

од Vladimir Zorba
82 прегледи

За режисерот Џастин Курзел, трансформирањето на светот од хит видео играта Assasin’s creed во акционен филм значеше создавање на напори во остварување на акцијата од игрите во што поживо светло. “Можев да го снимам целиот филм во паркинг простор и можев да го направам многу компјутерски, тој потврдува, но мислев дека тоа што е навистина интересно е публиката да може да види дека изгледа што повеќе реално, дека овие убијци можат да скокаат помеѓу згради.


Игрите, тој кажува, го слават човечкиот дух и на што сме способни, па првата задача беше можноста за слободно трчање, што највеќе асоцира на нив. Убијците го поминуваат своето слободно време качувајќи се по згради и навигација на покривите, за да можат подобро да се сокријат од светот под нив.

На почетокот на проектот, режисерот направи состанок со стант координаторот Бен Кук, за да се утврди колку може да се реализира. Кук беше тој што го препорача доаѓањето на Дамиен Валтерс, еден од најдобрите слободни тркачи, за да ги кореографира овие секвенци со главните актери и стант тимот.

Тоа што е неверојатно во оваа работа е дека можеш, вели Курзел. “Гледаш во Асасин каде што скока од зграда и си викаш, дали е ова возможно? Го направивме сето тоа и мислам дека е многу важно, особено за самиот идентитет на филмот. Ги плативме нашите такси за да дознаеме како се скока од зграда до зграда и како се искачува. Каков е тој е скок на верата што се чувствува реален, опиплив и висцерален?

Всушност, првичниот разговор со Валтерс и Кук го инспирираа Курзел да оди што е можно подалеку со стантерите од филмот. Кога започнаа да разговараат за скокот на верата (the leap of faith), иконичниот скок на Асасинс. Валтерс откри дека тој го испланира скокот од 120 стапки, а од продукцијата беше предвиден на 20 стапки. Овој реален скок стана и белег на стантерите во филмот, затоа што слободниот пад е ретко употребуван реално во ерата на компјутерски генерирана слика.
Но, Валтерс инсистираше и вредеше обидот. Тој скок е толку иконичен за филмот што мислам дека би бил уништен со визуелни ефекти. Ние всушност се вративме на олдскул стант и го направивме тој скок реалност. Визуелните ефекти превземаат, но кога ќе се направи нешто реално, изгледа повеќе природно, изјавува Валтерс.

Со ова се согласува и Мајкл Фасбендер, кој игра двојна улога на Калум Линч и Агилар Де Нехар во филмот. Тој изјавува: Го направивме филмот олдскул, на локација, пред камера. Правејќи го тој неверојатен скок, беше застрашувачки. Валтерс беше нервозен но мислам дека беше многу посебно што го направи неговиот најголем скок за нашиот филм. Станував нервозен само што го гледав, Се чувствував неубаво само што го гледав горе, само сакав да биде доле на сигурно.

За повеќето актери, акцијата во филмот Асасинс Крид, вклучуваше месеци на интензивен тренинг. Убијците преферираат да напаѓаат во сенка и постојат многу секвенци коишто бараат премногу прецизност. Мајкл Кенет Вилијамс ја игра улогата на Муса, убиец фатен во Абстерго објектот со Калум Линч, кој изјавува: сум бил во неколку борбени сцени претходно, но овој вид на кореографија беше нешто сосема различно, премногу забавно и имаше многу работа, неколку часови на ден, но беше многу интересно.