Асенсио го одби Мурињо: Милан и Виљареал тријат раце!

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Марко Асенсио нема иднина во Париз и ќе биде принуден да го смени клубот по втор пат од почетокот на годината.

Шпанскиот фудбалер пристигна во Париз како слободен агент пред две години. Во својата прва сезона, поради проблеми со повреди и конкуренција, одигра само 19 натпревари во француското првенство, додека во првата половина од минатата сезона имаше 12 лигашки настапи.

Не беше во плановите на Луис Енрике за втората половина од сезоната, особено по купувањето на Хвича Кварачелија, па на Шпанецот му беше дадена слобода да си замине.

Ја засили Астон Вила на позајмица и одигра солидна втора половина од сезоната во Премиер лигата, постигнувајќи три гола на 13 настапи, но Виља не го откупи неговиот договор, па беше принуден повторно да смени средина.

Во Париз нема место и не сметаат на него, а неколку клубови го контактирале и се заинтересирани да го доведат 29-годишниот напаѓач.

Засега, најупорен е турскиот Фенербахче, кој испрати понуда до Парижаните во износ од 15 милиони евра, вклучувајќи бонуси, но проблемот е што Марко не сака да оди во турската Суперлига, туку во некоја од посилните лиги во Европа.

Отфрлањето на понудата на турскиот вицешампион им се допадна на другите клубови, пред сè на Милан и Виљареал, кои исто така се заинтересирани да го доведат.

Шпанскиот фудбалер ја започна својата кариера на Мајорка, од каде што се пресели во Реал Мадрид во 2015 година. За осум сезони во Мадрид, освои неверојатни 16 трофеи и се пресели во Пари Сен Жермен. Одигра 38 натпревари за шпанската репрезентација.