Асистент на Кралицата Елизабета има коронавирус

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Откако од кралскиот двор објавија дека британскиот принц Чарлс бил заразен со коронавирус, се појави вест дека е заразен и асистент на Кралицата Елизабета, чие име не било откриено.

Не е познато дали асистентот стапил во контакт со Кралицата, откако се заразил со вирусот, но тие биле многу блиски. Покрај тоа што ја служел со храна и пијалок, ги шетал и нејзините кучиња, ги пречекувал гостите и читал писма.

„Сите сме преплашени. Се плашиме за Кралицата. Страшно е да се размислува колку пати таа може да стапила во контакт со асистентот, без да знае дека има коронавирус“, изјави извор за „The Sun“.

Кралицата веднаш била испратена во изолација, а во моментов се наоѓа во замокот Виндзор.

Сопругата на Чарлс, Камила, исто така, беше тестирана за коронавирус, но таа е негативна.

Принцот Чарлс изјави дека се чувствува добро и покрај заразата и има само благи симптоми.