АСО: Зголемувањето на цената на полисите за осигурување на автомобилите е неоправдано

од Nikola Popovski
243 прегледи

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка.

-По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано, потенцираат од АСО.

-Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението.

Цената на полисата за автоодговорност скокна за 15,4 отсто. Па, ако досега за возило од 44 до 55 киловати се плаќаше 5.453 денари, новата цена ќе биде 6.292 денара. Поскапувањето е пропорционално во зависност од зафатнината на моторот кој е вграден во возилото. Промена во цените нема само кај возилата до 44 киловати.

Слични содржини