Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ) денеска најави дека нејзини членови во 14 часот ќе излезат пред зградата на Владата од каде ќе се збогуваат со Благојче Илијевски кој почина чекајќи го лекот „трикафта“.
-Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек! Заради ова, Асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 ч. пред Влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот трикафта, велат од Асоцијацијата.
Поддршка најавија и од партијата Левица.
-Претходно шартијата реагираше до надлежните ресори сѐ со цел да се одвојат финансиски средства за болните од цистична фиброза, меѓутоа владата и неспособниот министер Сали остана и глув и нем на тие реакции – што за жал, заврши трагично за младиот Благојче. Левица го поддржува денешниот протест, закажан од 14 часот, и повикува на масовност пред Влада со цел да се спасат нови трагични случаи во иднина, се вели во партиското соопштение.
45-годишниот пациент Благојче Илиевски, кој беше во многу тешка здравствена состојба, почина вчера. Илиевски беше дел од Здружението кое се бори државата да го обезбеди лекот „трикафта“. Кај нас околу 140 лица се дијагностицирани оваа ретка болест.