АСОМ: ЕУ го блокираше Законот за игри на среќа, Пендаровски ја препозна злоупотребата на ЕУ знаменцето

од Radmila Tasevska
371 прегледи

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) ја поздравува одлуката да не се потпише спорниот Закон за игри на среќа, со кој очигледно се злоупотребува европското знаменце од страна на Претседателот Стево Пендаровски.

„Ова е доказ за издржаноста на нашата повеќегодишна борба да докажеме дека се злоупотребува знамето на ЕУ во интерес на малкумина и бизнис интереси на поединци. Сега е јасно дека сите експерти и познавачи се со ист став, овој закон нема врска со ЕУ усогласувањата.

Ние од АСОМ за оваа злоупотреба ја информиравме и Делегацијата на Европската Унија во земјава, чии претставници постојано апелираа европското знаменце да се користи само кога се работи за специфични закони коишто се поврзани со европското законодавство.

Ова е уште една потврда дека одлуката да се гласа законот по скратена постапка и под знамето на ЕУ немаше правна основа и беше во спротивност со принципите на демократскиот процес и учеството на јавноста.

Го повикуваме Собранието, сите пратеници, сите политички партии и чинители да се вразумат и конечно да се отвори јавна расправа за овој важен закон. Ајде заедно да донесеме европски закон кој вистински ќе ги штити интересите на граѓаните.

Апелираме дека доколку повторно се обидат насилно да го донесат законот и покрај јасните потврди дека станува збор за неевропски закон, ќе резултира со масовни протести на вработените чии работни места се загрозени“, стои во Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

Слични содржини