Aston Martin го претстави новиот Формула 1 болид

од Vladimir Zorba
329 прегледи

Aston Martin го претстави својот адут пред почетокот на новата сезона во Формула 1.

Со целосно име Aston Martin Aramco Cognizant Formula 1 Team, се работи за автомобил кој ја одбележува стогодишнината од учеството на Aston Martin во мотоспортот. Тоа беше во 1922 година на Француското ГП кога компанијата од Гејдон се впушти во оваа многу успешна спортска авантура.

Лесно ќе го препознаете AMR22. За почеток, розовата линија на поранешниот спонзор (BWT), која доминираше на страничната силуета, исчезна и отстапи место на впечатливото зелено што го имаат другите „спортисти“ на брендот. Тоа е првиот претставен автомобил кој оваа сезона настапува со нов дизајн.

Покрај новиот финиш, Aston Martin промени многу детали за болидот, пред се оние поврзани со аеродинамиката. Промените се видливи на предното, страничното и задното крило.

Во Aston Martin се исклучително задоволни од минатогодишното учество на најпрестижното автомобилско натпреварување. Тие велат дека посетите на нивната официјална веб-страница во недела за време на трките се зголемиле за дури 15% и 25%, соодветно, во времето кога Aston Martin обезбедувал услуги за безбедносно возило.

Во текот на 2021 година, учеството во Ф1 спектаклот им донесе 22.701 час изложеност на ТВ и драстично зголемен досег на социјалните мрежи, особено на Твитер.

AMR22 ќе го вози четирикратниот шампион Себастијан Фетел и ѕвездата во подем Ленс Строл. Оваа година тимот има нов слоган „We Climb Together“, се со цел подобро да ги поврзе навивачите и тимот со корените на брендот и неговиот основач Лионел Мартин.

Во секој случај, треба да бидете трпеливи до 20 март и првата трка.

Слични содржини