Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, објави дека ќе се повлече од трките на крајот на 2022 година.
Една од последиците на одлуката на Германецот е фактот што Астон Мартин ќе мора да бара нов тимски колега за Ленс Строл. Тимот е во сопственост на таткото на канадскиот возач, Лоренс Строл, кој откри дека имал голема желба Фетел да остане во „Силверстоун“ барем уште една година.
„Сакам да му се заблагодарам на Себастијан од дното на душата за добро завршената работа со Астон Мартин во последните година и пол. Јасно му ставивме до знаење дека сакаме тој да остане со нас барем уште една година, но тој ја донесе одлуката за која сметаше дека е правилна за себе и за неговото семејство, која ја почитуваме“, изјави Строл и продолжи:
„Тој направи неколку добри трки за нас и неговото искуство и експертиза беа многу вредни за нас инженерите зад сцената. Тој е еден од најголемите возачи во Формула 1 и беше привилегија да се работи со него. Тој ќе продолжи да се трка за нас до Големата награда на Абу Даби, што ќе биде негова 299-та трка. Ќе му дадеме соодветно испраќање“.