9
Директорот на Астон Вила, Мончи изјави дека клубот од Бирмингем е заинтересиран за играчот на Челзи Жоао Феликс, објавија денеска британските медиуми.
Феликс (25) играше за Барселона, Атлетико Мадрид и Бенфика пред да дојде во Челси. Португалскиот фудбалер оваа сезона одигра 20 натпревари за лондонскиот клуб и постигна седум гола. Тој има договор со Челзи до 30 јуни 2030 година.
„Жоао Феликс е голем талент, треба да игра во вистинска средина. Тој е желба на нашиот клуб долго време. Бевме блиску до потпис со него минатото лето, но таа работа не е лесна“, изјави Мончи.
За португалската репрезентација одигра 45 натпревари и девет пати постигна гол.