15
Раководството на фудбалскиот клуб Астон Вила ја одбило понудата на Арсенал за нивниот напаѓач Оли Воткинс, објавија денеска британските медиуми.
Се очекува Арсенал да достави нова подобрена понуда за 29-годишниот фудбалер, објави Скај. Бројни медиуми објавија дека понудата е вредна 70 милиони евра.
Астон Вила не сака да го продаде Воткинс, поради што се чини дека трансферот нема да се случи во зимскиот преоден рок.
Воткинс оваа сезона постигна 10 гола за Вила на 23 натпревари. Интерес од клубови има и за уште еден напаѓач на Астон Вила, Џон Дуран, пред се на Ал-Наср, објави Скај.