373
Британската компанија „Астра Зенека“ во вторникот вечерта објави дека нејзината вакцина треба да биде ефикасна против новиот вид на коронавирус откриен во Велика Британија.
Компанијата за Ројтерс соопштила дека тие се во процес на анализа со цел целосно да го испитаат влијанието на мутацијата.
„Потенцијалната вакцина на Астра Зенека содржи генетски материјал на врвот на протеинот на вирусот, а промените во генетскиот код што се гледаат во новиот вид, не изгледа дека ја менуваат неговата структура“, велат од компанијата.