„Астразенека“: Коктел со антитела нуди 83 проценти заштита од коронавирус

од Vladimir Zorba
379 прегледи

БРИТАНСКО-Шведската фармацевтска компанија „Астразенека“ денеска објави дека нејзиниот лек, коктел од антитела против коронавирусот, нуди 83 отсто заштита во текот на шест месеци.

Претходните студии тврдеа дека терапијата наречена AZD7442 обезбедува 77 отсто заштита од симптоматска болест по три месеци, пренесува Ројтерс.

– Новите податоци го поддржуваат зголемениот број докази што ја поддржуваат можноста AZD7442 да направи значителна разлика во превенцијата и лекувањето на Ковид-19 – рече потпретседателот на компанијата Пангалос.

Фармацевтската компанија исто така соопшти дека посебна студија спроведена на пациенти со благ до умерен ковид-19 покажала дека поголема доза на AZD7442 го намалува ризикот од влошување на симптомите за 88 проценти кога се дава во рок од три дена од првите симптоми.

Слични содржини