АСТРОЛОЗИТЕ ОТКРИВААТ: Ова се 5-те НАЈСРЕЌНИ датуми за СВАДБИ во 2023 година

од Vladimir Zorba
419 прегледи

Доколку планирате да стапнете на „лудиот камен“ во 2023 година, секако ве интересира што велат ѕвездите и кои датуми се најсреќните за организирање на свадба.

Зима

Оние кои би сакале да ја направат својата венчавка во зимските месеци, јануари и март се најсреќните месеци за тоа. Според астролозите, 22 јануари е идеален ден за венчавка, бидејќи тогаш доаѓа до двојно порамнување на Венера и Сатурн. Исто така, Новата Месечина на 21 март носи многу свежа комуникација со Меркур кој и се придружува. Овој ден, исто така, ќе има скапоцен тон на љубовна константност и стабилност со конјункцијата на Венера и Јунона во Бик.

Пролет

Секоја пролет носи големи промени, а покрај расцутот на природата, ќе им донесе и среќни состаноци на нововенчаните парови. Така, 11 април ќе биде топол и среќен ден за сите оние кои сакаат да застанат на „лудиот камен“. Следната млада месечина во Бик, која ќе се одржи на 19 мај, носи подобра и отворена комуникација, додека Ракот во Венера ќе донесе семејна атмосфера полна со љубов, со убави и искрени емоции.

Лето

Ако има месец кој младенците најмногу го обожаваат, тоа сигурно е јуни. Младата месечина ќе се случи кај сестраните и комуникативни Близнаци на 17 јуни, што е многу поволен период за сите оние кои започнуваат ново поглавје во животот – ќе им донесе многу љубов, шарена и хармонична енергија. Потоа доаѓа 21 јуни, кој носи уште повеќе емоции и чувства. Затоа искористете го!

Кинески хороскоп

А според кинеската астрологија, најдобри месеци за свадба во Годината на зајакот, или 2023 година ќе биде мај, јули, август, октомври и ноември. А најсреќните денови ќе бидат 2-ри, 8-ми, 13-ти, 14-ти, 17-ти, 20-ти, 25-ти и 29-ти во месецот. Најдобро би било да ги комбинирате овие датуми со среќните месеци споменати погоре.

Слични содржини