Владата ќе плаќа астрономски цени за промотивните материјали од бугарска компанија, објави „Инфомакс.мк“. Генералниот секретаријат на Владата склучи рамковна спогодба вредна 380.000 евра со бугарската фирма „Фрајдеј Комуникации“, која ќе ја изработува комуникациската кампања за Владата. Според документите, една фотографија од нивна изработка чини 1.537 денари, а едно видео над 15.000 денари. Целата кампања е проценета на милион и пол денари.
„Фрајдеј Комуникации“ е во сопственост на бугарската компанија „МК Медија Груп ЕООД“, основана во 2020 година и базирана во Благоевград. Управител е Зоран Милевски, бугарски државјанин, а сопственик е Ванчо Бошков, со македонско државјанство.
Граѓаните се прашуваат дали парите што ги плаќаат се оправдани, имајќи предвид високите цени за основни промотивни материјали.
Детали прочитајте на следниот линк: