Asus официјално го претстави долгоочекуваната втора генерација на гејмерскиот смартфон ROG
Phone, кој им нуди на гејмерите голем број подобрувања. Новите модели имаат импресивен дизајн
и моќен хардвер,со кој не може да се пофали ниту еден од конкурентските уреди на пазарот.

Посебен систем за водно ладење ќе осигура дека Asus ROG Phone 2 работи оптимално дури и при
максимални оптоварувања. Водечкиот фокус на паметниот телефон е неговиот екран.
Уредот има голем 6,6-инчен AMOLED FullHD + екран со резолуција од 2340×1080 пиксели и сооднос
од 19,5: 9. Гејмерите ќе можат да се забавуваат на најдобар начин со своите омилени игри и ќе
имаат корист од брзината од 120GHz, слично како One Plus 7 Pro. Времето на одговор е 1
милисекунда. Брзите перформанси се загарантирани од Qualcomm Snapdragon 855 Plus, кој
обезбедува 15% повисоки графички перформанси, објавија „xda-developers“.