Аталанта без одговор за Интер – Гасперини бесен на судијата по поразот

од Даниел Ѓорѓиевски
18 прегледи

Аталанта пропушти шанса да се израмни на врвот на табелата во Серија А, откако Интер ја совлада со 2:0 на гостински терен. Со оваа победа, „нероаѕурите“ се одвоија на првата позиција со три бода предност пред Наполи и пет повеќе од Аталанта.

Домашниот тренер Џан Пјеро Гасперини не го криеше разочарувањето по натпреварот, но најмногу беше лут на судијата Давиде Маса, кого го обвини дека го уништил мечот.

„Црвениот картон го уништи крајот на натпреварот. Тоа не беше фер ниту за мојот тим, ниту за навивачите. Судијата претера со исклучувањето на Едерсон. Имаше многу полоши ситуации што беа игнорирани, но оваа одлука го уништи натпреварот“, изјави Гасперини.

Тој додаде дека мечот можел да биде поинтересен до самиот крај, но дека одлуката на судијата ги казнила сите – и двата тима и фудбалските фанови.

Со оваа победа, Интер ја зацврсти својата лидерска позиција во Серија А и сега има значајна предност во битката за титулата.

Слични содржини