213
Фудбалерите на Аталанта се блиску до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако убедливо ја совладаа Валенсија на „Сан Сиро“ со 4-1.
Италијанскиот тим со фуриозна игра оствари голем триумф над Валенсија, а гол серијата ја почна Хатебор во 16. минута, додека Иличиќ во 42.минута зголеми на 2-0. Тимот на Гасперини не застана и во второто полувреме кога Фројлер го постигна третиот гол, а Хатебор со својот втор погодок донесе и извонредни 4-0. Почесниот гол за гостите беше дело на Денис Черишев во 66.минута.
Лајпциг славеше на гости против Тотенхем со 0-1 и е поблиску до пласман меѓу осумте најдобри екипи во ЛШ.
Тимо Вернер од пенал во 55.минута му донесе предност на германскиот тим пред реваншот на 10 март.